Македонија
16. јуни 2017 - 9:32

ВМРО-ДПМНЕ: Владата е глува и не ги слуша барањата на стружани

ВМРО-ДПМНЕ во пишано соопштение наведува дека СДСМ не смее да ги игнорира реалните проблеми и посочува дека додека стружани се гушат од густиот чад кој доаѓа од депонијата што секој ден гори, министрите само се среќаваат со разни амбасадори.

- СДС и нивните коалициски партнери ја уништуваат Струга, ја претвораат од бисер на Охридското Езеро во депонија. СДС и со својата неспособност ја загрозуваат летната туристичка сезона. Револтот од граѓаните кон Владата расте, бидејќи е се поочигледна негрижата на владата за граѓаните, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Владата на СДСМ, се посочува, е сосема глува и не ги слуша барањата на стружани за итно затворање и дислокација на местото за одлагање на отпадот.

- Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ побараа по итна постапка да се одржи седница на која што ќе се разгледува алармантната состојба во Струга со загадувањето од запалената депонијата која што со денови ги труе стружани. Дури и Талат Џафери на крајно недемократски начин се обиде да ја затвори оваа тема и не дозволуваше порцедурални забелешки на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ. Меѓутоа, темата за депонијата во Струга е важна. Не може и не смее да биде замолчена со одземање на збор на пратеник, се нагласува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.