ВМРО-ДПМНЕ: Ветувањата на СДСМ за студентски кампуси се лицемерни
ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение реагираше на најавата на СДСМ за изградба на студенски кампуси во кое оценува дека нивните ветувања се лицемерни и оти немаат никаков кредибилитет да говорат за унапредување на студенскиот стандард.
- Ветувањата за изградба на нови студентски домови во неколку градови се повеќе од лицемерни. Токму СДСМ жестоко се противеше на формирање на нови универзитети, меѓу кои и Универзитетот „Гоце Делчев“ за чии потреби сега ветуваат студентски сместувачки капацитети, се наведува во реакцијата.
ВМРО-ДПМНЕ истакнува дека во изминатиот период се реализирани бројни проекти со кои е унапреден студенскиот стандард како што се новите сместувачки капацитети во состав на студентскиот дом „Стив Наумов“, втората фаза од реконструкцијата на студентскиот дом „Гоце Делчев“, новите читални, библиотеки и лаборатории, а со новите законски измени се предвидува и намалување на партиципацијата за 50 проценти за студентите од самохраните и еднородителските семејства, промена на студентски статус, стипендии за постдипломски и докторски студии.....
- Согласно ветувањата за изградба на три нови студентски домови, информираме дека за два од нив, Студентскиот дом „Невена Георгиева Дуња“ и за Студентскиот дом во Тетово, постапката е целосно завршена и наскоро започнат градежните активности, се наведува во реакцијата.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација