Македонија
13. April 2017 - 16:17

ВМРО - ДПМНЕ уште еднаш повикаа на побрзо решавање на кризата, а како решение нудат нови избори

СДСМ најавува избор на Претседател на Собранието и формирање на нова Влада многу брзо.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, вчера во изјава за медиумите уште еднаш повтори дека неговата партија нема да дозволи граѓаните да ги плаќаат долговите на СДСМ

По најавите на СДСМ со став денеска се јавија и од иницијативата За Заедничка Македонија. Од таму велат дека поради велигденските празници, протестните маршови ќе мируваат, но тоа не значи дека граѓаните ќе молчат доколку како што велат, некој се реши на постапки спротивно на нивната волја.

Повеќе од две недели Собранието е практично блокирано од процедуралните забелешки на пратениците од сите политички партии кои цврсто стојат на своите позиции. Додека СДСМ бара по секоја цена да се избере нова Влада, за ВМРО-ДПМНЕ инсталацијата на тиранската платформа е неприфатлива а најдобро решение се нови избори.