ВМРО-ДПМНЕ: Светот го виде вистинското лице на Сорос
Сорос е поим за деструкција на планетарно ниво. Целиот свет го виде вистинското лице на таканареченото отворено општество кое го промовира Сорос. На протестите во Вашингтон беа повредени 7 полициски службеници, а 217 хулигани беа приведени, се наведува во денешното соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.
Како што истакнуваат од партијата „на Сорос и неговите платеници не им се важни ниту владеењето на правото, ниту демократијата, а уште помалку волјата на народот“.
- Платеници се платеници, и во Македонија и во САД. Дивеењето по улици, нападите врз полицијата, демолирањето и палењето се нивен заштитен знак. Така ги одработуваат дебелите суми бранејќи ги интересите на својот газда. СДСМ е политичкиот експонент на деструктивната политика на Сорос против волјата на граѓаните и законите во нашата држава. Бандите на СДСМ/Сорос во Скопје повредија 50-тина полицајци и предизвикаа штети од неколку стотици илјади евра, само за да го заштитат аболицираниот криминалец Зоран Заев и да ги бранат интересите на својот газда замаскирани со наводна промоција на некакво отворено оптшество, се вели во соопштението.
Во него се додава дека Сорос и СДСМ во Македонија единствено што промовираат е уништување на граѓанскиот сектор, узурпација на медиумите и обиди за насилно доаѓање на власт против волјата на мнозинството граѓани и против сите демократски принципи.
- Народот и во САД и во Македонија им кажа што мисли за нив. Доаѓа време на десоросоизација. Аболицираниот криминалец Зоран Заев и неговото друштво се поразени и заминуваат во историјата, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Ново на Сител
-
ДИК: Oбработени 96,37% од гласовите, Силјановска Давковa 351.826 - Пендаровски 174.658
-
ДИК: Oд обработени 90,18% oд гласовите Силјановска Давкова 325.150, Пендаровски 162.062
-
Ковачевски: Знам дека многу наши поддржувачи се разочарани, но сега не е време за откажување
-
ДИК: Oд обработени 87,17% oд гласовите Силјановска Давкова 315.638, Пендаровски 156.406
-
Мицкоски: Победуваме со над 170.000 гласа разлика
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Димитриевски: Испишуваме историја, се роди 3-тата политичка сила во македонскиот политички блок