Македонија
17. јуни 2017 - 19:57

ВМРО-ДПМНЕ слави 27 години постоење под слоганот ,,Единствени‘‘

ВМРО-ДПМНЕ денеска во Музејот на македонската борба ќе го прослави 27. роденден под слоганот „Единствени“.

Во рамки на одбележувањето на роденденот, изминатите два дена во седиштето на партијата беа одржани панел дискусии посветени на инвестициите, отворањето нови работни места и вложувањата во инфраструктурата.

Гостин во Дневникот на Сител во 19 часот, Емил Димитриев, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

- И до сега покажавме дека наш врвен приоритет е реализација на виталните интереси на Македонија, како што се меѓународната интеграција, развојот на економијата, инфраструктурата, отворање на нови работни места, така и во иднина ВМРО-ДПМНЕ ќе биде на браникот на националните и државните интереси на Република Македонија, истакна генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Емил Димитриев во Дневникот на Сител. Како партија, додаде тој, наша визија, наша цел, е да изградиме држава за сите што живеат во Македонија.