Македонија
18. January 2018 - 9:38

ВМРО-ДПМНЕ се враќаат во Собрание за говорот на Столтенберг

Пратениците на опозициската ВМРО-ДПМНЕ кои со недели протестираат за приведените за настаните од 27. април и не доаѓаат во Собранието, ќе се вратат само денеска за да го чујат обраќањето на генералниот секретар на НАТО, Столтенберг.

Влатко Ѓорчев за МИА изјави дека во Собранието се враќаат само за обраќањето на Столтенберг и оти тоа не значи нивно натамошно учество во работата на законодавниот дом.