Македонија
25. September 2017 - 15:33

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ продолжува со сеење на лаги и манипулации

СДС продолжува со сеење на лаги и манипулации и затоа ќе изгуби на локалните избори.

ВМРО-ДПМНЕ  нуди програма со мерки и проекти кои што се реални и произлегуваат од потребите на граѓаните.

Нашите проекти се произлезени од граѓаните како нивна иницијатива и реална потреба.

ВМРО-ДПМНЕ во изминатите 11 години докажа дека се што вети реализира,токму заради тоа граѓаните имаат цврсти гаранции дека програмите и проектите кои  кандидатите за градоначалници ги ветуваат ќе бидат со сигурност исполнети и реализирани и граѓаните ќе  добијат поурбани и поубави места за живеење.

Програмите на кандидатите на градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ   ги отсликуваат реалните потреби  на граѓаните, преточени во суштински  проекти кои излегоа како идеја од посетите кои ВМРО-ДПМНЕ ги имаше во секое едно населено место низ  државата.

Владата на СДС во изминатите 120 дена покажа и стана репер како не треба да се работи.

Поради немоќ и неспособност да реализираат ниту еден нивен проект,единствено нешто по што СДС стана позната е блокирање и стопирање на проектите  кои што ВМРО-ДПМНЕ ги реализираше и започна да ги гради, додека беше на власт.

Поради недомаќинското и  расипничко работење, СДС  во изминатите три и пол месеци ја доведе  државата пред банкророт,а економијата ја  турна на колена.

15-ти Октомври ќе биде  денот кога граѓаните ќе ја почнат конечната демонтажа на овој аздисан и расипнички режим. СДС поради лошите политики,ќе доживее уведлив пораз на локалните избори.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ