ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ поскоро да овозможи локални и предвремени парламентарни избори
СДСМ да собере храброст и што е можно поскоро да овозможи одржување редовни локални и предвремени парламентарни избори, апелира ВМРО-ДПМНЕ.
Додека СДСМ е синоним за деструкција и интриги, ВМРО-ДПМНЕ, како што соопшти, реализира реални, конкретни проекти, создава и гради, работи за сите граѓани и државата и ги штити нивните интереси.
- Додека ВМРО-ДПМНЕ гради и создава за сите граѓани, СДС влегува во нови интриги и манипулации со ветувањата на Заев за воведување консензуална демократија. Додека ВМРО-ДПМНЕ работи за подобра иднина на сите, партнерите на Заев се пазарат колкав дел од Тиранската платформа да се реализира, а колкав да остане во следната фаза, наведува ВМРО-ДПМНЕ во соопштението.
Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во овој временски период, ифнормира партијата, гради 200 километри гасоводна мрежа и три гасоводни линии, Скопје-Тетово-Гостивар, Штип-Неготино и Неготино-Прилеп-Битола.
- Ги правиме најголемите инфраструктурни зафати во историјата на Македонија, истовремено работејќи на три автопати, Демир Капија-Смоквица, кој е речиси финиширан, Миладиновци-Штип кој е во крајна фаза на реализација и Кичево-Охрид на кој исто така интензивно се работи, како и експресниот пат Штип-Кочани, како и Битола-Ресен-Буково, стои во соопштението.
ВМРО-ДПМНЕ укажува дека посебен акцент стави на здравството и унапредувањето на здравствената заштита, но секогаш на прво место и се и едукацијата и културниот развој за што потврда е проектот превод на најдобрите „Стручни научни книги и учебници".
- Во тек е изградба на Клиничката болница во Штип, проект вреден 56 милиони евра, а целосно е реконструирана Клиничката болница во Битола. Истовремено е потпишан Договорот за изградба на новиот Клинички центар во Скопје од 72 милиона евра, кој ќе зафаќа 46.987 метри квадрати. Ќе има и хиподром во рамки на објектот кој ќе биде најголем од таков вид во Македонија и ќе воспостави нови стандарди во здравственото работење во државата, ифнормира партијата.
Според ВМРО-ДПМНЕ, граѓаните гледаат што се случува и не сакаат кога некој како Заев ги влече за нос. - Затоа СДС треба да собере храброст и што е можно побргу да овозможи редовни локални избори и предвремени парламемтарни, на кои граѓаните ќе можат да му кажат што мислат за сета негова деструкција и негаторски однос кон државата и нејзината иднина, порачува ВМРО-ДПМНЕ.
Ново на Сител
-
ДИК: Oбработени 96,37% од гласовите, Силјановска Давковa 351.826 - Пендаровски 174.658
-
ДИК: Oд обработени 90,18% oд гласовите Силјановска Давкова 325.150, Пендаровски 162.062
-
Ковачевски: Знам дека многу наши поддржувачи се разочарани, но сега не е време за откажување
-
ДИК: Oд обработени 87,17% oд гласовите Силјановска Давкова 315.638, Пендаровски 156.406
-
Мицкоски: Победуваме со над 170.000 гласа разлика
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Димитриевски: Испишуваме историја, се роди 3-тата политичка сила во македонскиот политички блок