Македонија
9. April 2016 - 18:28

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ нема да ги спречи граѓаните да одлучуваат за иднината

ВМРО-ДПМНЕ во писмената реакција на прес-конференцијата на Зоран Заев наведува дека СДСМ нема да успее да го спречи врвното демократско право на секој граѓанин да го искористи својот глас и да одлучува за својата иднина.

- Аболицираниот криминалец Зоран Заев, криминалната банда СДСМ и нивните приврзоци нема да може да избегаат од судот на граѓаните. На 5-ти јуни граѓаните референдумски ќе гласаат за крај на деструктивното сценарио кое го спроведува СДСМ, потпомогнато од нивните фабрики за афери, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Граѓаните, како што се додава во соопштението, десетти пат по ред ќе му го кажат најголемото „не“ на Зоран Заев кој, според ВМРО-ДПМНЕ прави се за да продолжи политичката криза во Македонија и да ја продолжи агонијата на граѓаните.

- На денот на изборите Заев и  СДСМ ќе одговараат за своите постапки пред народот кој немилосрдно ќе ги казни. А после денот на изборите, ќе одговараат и пред други соодветни инстанци, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.