ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ јавно да се откаже од тиранската платформа
ВМРО-ДПМНЕ денеска преку соопштение бара СДСМ јавно и јасно да се откаже од тиранската платформа и елементите во неа кои, како што се наведува, ќе ја редефинираат Република Македонија, која од мултиетничка би ја претвориле во бинационална држава.
- Оправдан е стравот кај граѓаните по конфузните и контрадикторни ставови кои ги изнесе Зоран Заев, во кои не ја отфрли тиранската платформа, туку напротив најави дебатирање по нејзините точки. Ова само го потврдува сомнежот дека Зоран Заев со цел да добие власт ги погазил националните и државни интереси и ја прифатил реализацијата на тиранската платформа под превезот на дебатирање, консултирање на партиски експерти и слично, се наведува во соопштението.
Од ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека револтот кај народот од ваквата, како што велат, неискрена политика и реторика на Заев и СДСМ, станува се поголем.
- Граѓаните гледаат дека затскриено се подготвува редефинирање на државата. Ние ја повторуваме нашата понуда. Доколку СДСМ и Зоран Заев јавно се откажат од тиранската платформа, ВМРО-ДПМНЕ ќе гласа и ќе поддржи влада што би ја формирал Зоран Заев. Доколку СДСМ и Зоран Заев сметаат дека тиранската платформа е позитивна за иднината на Македонија и потребно е да се дебатира за елементите содржани во неа, тогаш го повикуваме да ја стави на најшироката можна дебата за тоа, парламентарните избори. Ако сака СДСМ може елементите од тиранската платформа да ги искористи како основа на своја партиска изборна програма, па така граѓаните ќе може јасно да кажат што мислат за тоа, без притоа да бидат изборно измамени, како што тоа веќе еднаш им го направи СДСМ и Зоран Заев, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација