Македонија
20. September 2017 - 14:04

ВМРО-ДПМНЕ: Само во Скопје во последниот мандат на Трајановски се изградени 176 водоводни и канализациони мрежи во должина од 57 километри

Тендерашот Кочо Анѓушев денес излезе со нови лаги и отворено манипулираше. Кога Кочо Анѓушев говори за водоводи и канализации прашуваме колку километри водовод и канализациска мрежа би можела да се изгради со 420 милиони евра пари на граѓаните кои СДС ги потроши за помалку од четири месеци?, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на Анѓушев.

Оттаму прашуваат дополнително колку проекти можеа да се изградат со 2.6 милиони евра колку што фирмата на Анѓушев сакаше да заработат од тендерот во ЕЛЕМ?

-Анѓушев денес соопшти лажни бројки. Само во Скопје во последниот мандат на градоначалникот Коце Трајановски од редовите на ВМРО-ДПМНЕ изградени се 176 водоводни и канализациони мрежи во должина од 57 километри. Градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ само во последниот мандат изградија или заменија над 700 км водоводни и канализациони мрежи. Кочо Анѓушев работи за тендери, а не за интересите на граѓаните. Токму поради тоа оваа неспособна влада предводена од СДС ќе биде казнета за своето расипничко работење, стои во партиската реакција.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека казната ќе стигна на 15 октомври кога граѓаните ќе гласаат за километри и километри водовод и канализациони мрежи, а не за тендерите на Анѓушев.