Македонија
23. November 2016 - 16:46

ВМРО-ДПМНЕ: Регионализација, кантонизација, федерализација - Сето ова е вметнато во изборната програма на СДСМ

Ветувањето за излегувањето од рамките на Охридскиот договор, отворањето на прашањето за воведување на двојазичност и кантонизацијата по урнекот на Швајцарија се потврда за најавите на Заев дека сака да го менува Уставот на Република Македонија и да го отпочне патот кон федерализација на државата.

Ова денеска на пресконференција го потврди Трајко Вељановски од ВМРО ДПМНЕ, посочувајчи дека сето ова како политичка платформа СДСМ го има внесено во својта програма.

- СДСМ предвидува трансферирање на дел од надлежностите на полицијата околу одржувањето на јавниот ред и мир и сообраќајот од централната на локалната власт. Со други зборови формирање на локални полиции во Тетово, Гостивар, Дебар, Кичево, Струга, Липково или Арачиново. СДСМ предвидува реорганизација на локалната самоуправа или како што самите наведуваат на страна 164, цитирам: „Ќе воведеме политипни општини со различни надлежности, во зависност од големината и изградените капацитети и моќта да генерираат сопствени приходи, или со поделба на надлежностите на задолжителни и изборни“. Ова е веројатно територијалната реорганизација по урнек на Швајцарското кантонално уредување што го ветуваше Заев.

Вељановски посочува дека СДСМ задира и во културата, со образложение дека сегашниот модел според нив е етноцентричен.

- Затоа СДСМ на страна 188 во политичкиот памфлет пишуваат, цитирам: „Етноцентричната култура ги затвора вратите на нашите сограѓани од другите етнички заедници. Инсистирањето на промовирање на културните вредности само на една етничка заедница ќе доведе до нужна реакција и на другите етнички заедници. Нема да создаваме етноцентрична култура, затворена меѓу четирите ѕида на сопствената етничка припадност. Ќе создадеме решенија што пропорционално ќе ги штитат и ќе ги унапредуваат и другите јазици и традиции, а ќе дадеме поддршка на интеркултурните проекти и мултилингвалните практики.“ СДСМ задира и во сегашниот модел на образование, нудејќи нов мултикултурен концепт. На страна 188 го промовираат тоа што Заев го кажуваше во врска со воведување на двојазичноста уште од детските градинки, цитирам: „Ќе воведеме елементи на мултикултурно запознавање за сите деца уште во најраната возраст, преку проекти и активности што развиваат чувство на слобода, толеранција и соживот. Ќе бидат искористени практиките од успешните проекти за овој степен на образование. Ќе бидат стимулирани проекти за мултикултурно дружење и меѓујазична комуникација и во повисоките степени на образованието“.

Вељаноски посочува дека концептот на редефинирање на државата што го заговара СДСМ навлегува во голем дел од општествените прашања.

- Граѓаните мора да го знаат ова. Граѓаните мора да знаат дека на 11-ти декември одлучуваат меѓу унитарна и суверена Македонија или двојазична, кантонизирана и федерализирана Македонија. Граѓаните мора да знаат дека на 11-ти декември одлучуваат меѓу концепт кој обезбедува сигурност и заштита на највисоките национални интереси и концепт кој води кон разградување на државата за која животите ги дадоа илјадници, илјадници Македонци.

Инаку, денеска и порталот Република пишува дека Федерализацијата како тема не е од вчера. Под наслов Како Заев, Сорос и албанските радикали кроеја пеколен план на Македонија, Република пишува дека ова не се избори кои како сите други ќе завршат со победничка и поразена партија, туку се мерило за патриотскиот полнеж на македонскиот народ, за неговата решеност да му се спротивстави на планот за распарчување на Македонија, кој е до детали разработен на „Бихаќка“.

Според порталот, тоа значи да се воведе двојазичност на целата територија на државата, а на албанските партии при поделба на колачот на власта им се нудат институции и функции. Од една страна ветени се функции како претседател на Собранието, премиер или претседател на државата. Преку институциите, пак, ќе бидат доделени безбедносните ресори МВР, потоа ДБК, БЈБ, како и финансиските столбови УЈП, царината, пишува Република.

Во текстот се посочува дека пеколниот план на СДСМ и Сорос значи затворање на „македонското прашање“, Федерализацијата е отворената карта на Заев зад која стојат и поддржувачи и финансиери на сите активности од блокот на Сорос. За тоа сведочи и обраќањето на германската амбасадорка Урлике Марија Кноц пред студентите од Педагошкиот факултет во 2009-та кога се излета со платформата дека Македонија во ЕУ ќе влезе како „Северна“, а Македонците ќе го учат албанскиот јазик уште од градинките.

Откако амбасадорката доби остра вербална нота во МНР да не излетува од рамките на амбасадорските норми, таа објаснуваше дека се работи за „симулација“ во која учествувале ученици од Албанија, Косово и од Македонија.

Република пишува дека денес, седум години потоа, таа „симулациска игра“ е реалност во изборната програма на СДСМ.

Лидертот на СДСМ пак, откако се најде на жестоки критики од јавноста, вчера на митинг ретерира и тврди дека нема да го мениува Уставот.

Пред само една недела Заев отворено зборуваше за редефинирање на државата преку промена на Уставот и воиведување двојазичност на целата територија.