ВМРО-ДПМНЕ реагира на апсењето на Темелко
Во исто време кога хунтата на СДС прогонува и затвора недолжни граѓани и се изживува врз Едмонд Темелко кој е со животно загрозено здравје, владата на Заев со законот за амнестија ќе ослободи лица кои се осудени на тешки криминални дела.
Додека недолжни се носат во притвор, убијци, разбојници и криминалци се ослободуваат. Од СДС и Заев амнестија ќе има за лица осудени за убиство на дете при пораѓање, убиство од небрежност и убиство на миг.
Заев и СДС сакаат на слобода да бидат лица кои се осудени за дистрибуирање на дрога, кражби и тепачки, нанесување на тешки телесни повреди, низа од дела кои се поврзани со бракот, семејството и младината. Помеѓу другото исто така ќе се амнестираат лица кои се бавеле со производство и пуштање на промет на штетни средства за лекување.
СДС и Заев поради страв и паника дека ќе ги загубат локалните избори, пуштија на слобода криминалци.
Заев ги ослободи Агим Красниќи кој беше осуден за тероризам и Бајруш Сејдиу, кој е познат како тобако бос поради производство на фалсификувани цигари за двајцата да му бидат главен адут за локалните избори.
Заев е нервозен и знае дека ќе ги загуби, надежта на Заев за овие избори не се проекти и програма туку криминалците кои ги ослободува. Целта на Заев е да ги заплаши граѓаните со овие криминалци, како и создавање на злосторничко здружување за фалсификување на изборите.
Ова е изборна корупција и дерогирање на правната држава која ја киднапира СДС.
Граѓаните гледаат дека Заев и СДС ја нарушуваат безбедноста на граѓаните па затоа на 15-ти октомври ќе ги казнат.
Ново на Сител
-
19-годишен возач прегази малолетен пешак во тетовско
-
Таткото и мајката на детето кое изврши убиства во ОУ „Владислав Рибникар“ осудени на 14,5 и на три години затвор
-
Пад на индустриското производство
-
Таравари го оцени јавниот здравствен систем со осумка, вели се дава максимум и се добиваат квалитетни услуги
-
Од успехот на Новогодишната кошница ќе зависат Велигденската и Рамазанската кошница
-
Просечната камата на кредитите на годишно ниво во ноември е 5,36%, а на депозитите 2,12%
-
ДПИ ќе провери дали е постапено по заклучоците за случајот со приредбата во училиштето во Челопек, најави Јаневска
-
Осум лица осомничени за злоупотреби при јавна набавка во Дирекцијата за ТИРЗ