Бизнис
20. September 2017 - 19:41

ВМРО ДПМНЕ: Планот за економски раст само ги залажува бизнисмените

- Анѓушев со таканаречениот „План за економски раст“ кој го презентираше пред македонските стопанственици, во Стопанската комора на Република Македонија, само ги залажува бизнисмените. Мерките кои ги превзема владата на црната тројка Заев, Анѓушев и Тевдовски се антиреформски и повеќе ќе предизвикаат штета отколку полза за граѓаните. Мерките кои денес ги презентираше Анѓушев не го адресираат главниот проблем во државата. Овие мерки не го адресираат проблемот на невработеноста. Овој план е дизајниран само за фирмите на Анѓушеви и Заеви бидејќи никој друг нема да има полза од ова. Ова е план по чија реализација ќе се отпуштаат вработени, а нема да се создаваат нови работни места. Според мерките промовирани од Анѓушев трудо-интензивните сектори кои вработуваат многу луѓе во Македонија нема да се субвенционираат, а тие сектори се текстилната, кожарската индустрија, автомобилската, градежништвото. Истовремено компании од секторот како Џонсон Мети, Дрексел Мајер, Костал, Леар, Кромберт и Шуберт со нивните мерки не можат да добиваат државна помош и истите ќе одат во соседните држави каде има мерки за овој сектор. Ова значи дека фирмите кои вработуваат по 1.000, 2.000 и повеќе вработени нема да имаат никаква полза од мерките на владата. Овие компании кои нема да добијат поддршка од владата ќе размислуваат да ја напуштат Македонија и да заминат во други земји од регионот каде нема вакви дискриминирачки ограничувања. Па инвестициите наместо во Македонија ќе завршат во земјите од соседството. СДС за економијата ветуваше многу, а не реализира ништо. Граѓаните гледаат дека СДС на економски план носи само стагнација и криза, и за тоа ќе го казнат СДС на претстојните локални избори на 15-ти октомври, изјави Драган Данев, ВМРО-ДПМНЕ.