Македонија
16. July 2017 - 15:56

ВМРО-ДПМНЕ обвини за партизација во МВР

ВМРО-ДПМНЕ денеска обвини дека се врши партизација во Министерството за внатрешни работи и се принудуваат вработени да поднесат барање за да бидат прераспоредени на пониски работни места.

- Ваквите закани не се упатени само кон вработени во Скопје, туку и по секторите за внатрешни работи низ државата. Таргет се сите професионалци кои не постапуваат по партиските наредби на Оливер Спасовски, рече Саше Павловски на прес-конференција во седиштето на партијата.

Павловски оцени дека она што го прави министерот за внатрешни работи е незаконски и во спротивност во Колективниот договор и Законот за внатрешни работи.


- МВР мора да одговори колку решенија се поделени изминатиов период и кои се причините за смени. ВМРО-ДПМНЕ ги повикува професионалците во полицијата да не подлегнуваат на политичките притисоци од страна на потпретседателот на СДС и правдата да ја бараат пред повисоките органи.
 ВМРО-ДПМНЕ ги повикува претставниците на меѓународната заедница кои го следат работењето на полицијата, навреме да реагираат и да не дозволат ситуацијата да излезе вон контрола, рече Павловски.