ВМРО-ДПМНЕ: Негрижата на СДСМ кон македонскиот јазик е и негрижа кон државата и граѓаните
Денес е меѓународен ден на мајчиниот јазик. Додека секаде низ светот се негува мајчиниот јазик, во Република Македонија, владата за 9 месеци нанесе непроценлива штета врз македонскиот јазик.
СДСМ го деградираше македонскиот јазик со годишниот Буџет за култура за 2018. Нула денари предвидени за унапредување на македонскиот јазик се доволен показател за односот на СДСМ кон јазикот.
Заев го излажа Институтот за македонски јазик. Македонистите не добија ниту денар од Буџетот за заштита на нашиот јазик. Во време кога се трошат милиони за дислокации на галии, ниту денар не се одвои за македонскиот јазик. Ова е најголемата трагедија за нашиот јазик во 28 години независност на државата.
Додека остатокот од светот го чува својот јазик, го негува и унапредува. Ние во Република Македонија гледаме како власта го деградира.
СДСМ го погази јазикот и со неуставниот закон за двојазичност со кој се обиде да го сведе од официјален јазик во Република Македонија на еден од двата службени јазици во рамки на државата.
Негрижата на СДСМ кон македонскиот јазик е и негрижа кон државата и граѓаните. Негрижата кон јазикот е и негрижа кон традицијата и идентитетот на нацијата. Негрижата кон јазикот е поткопување на темелот на државноста.
СДСМ покажа дека ниту се грижеле за македонскиот јазик, ниту во идина планираат да се грижат.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Ограбено тетовско казино, уапсени две лица
-
Судот на БИХ одреди притвор за три лица уапсени под сомнение дека соработувале со картел кој шверцувал дрога од Латинска Америка во Европа
-
ОН: Речиси 282 милиони луѓе ширум светот се соочиле со акутен глад во 2023 година
-
Папата Франциск за конфликтите во Украина и Газа: Договорен мир е подобар од бескрајна војна
-
Барселона го одврати Чави од заминување, нов договор до 2025-та
-
Уште еден гигант тргнува по ѕвездата на Манчестер Сити
-
Петмина тинејџери обвинети за тероризам по прободувањето со нож во црквата во Сиднеј
-
ИДФ за снимката на заложникот објавена од Хамас: Ова е итен повик за акција