ВМРО-ДПМНЕ: Народот виде на што се е спремно раководството на СДСМ
ВМРО-ДПМНЕ во пишано соопштение порачува дека народот беше сведок на незаконската и неделовничка претстава во која, како што посочуват, СДСМ се обиде да прогласат нелегитимен претседател на Собранието на Република Македонија.
- Народот виде на што се е спремно раководството на СДС само за да се добере до власта за да одбегне одговорност за криминалот што го има направено. Сите кои учествуваат во овој срамен обид за државен удар освен што ќе бидат обележани во историјата како главни виновници за немилите настани во Собранието, ќе одговараат и за најтешки кривични дела кои не застаруваат,се вели во соопштениетоод ВМРО-ДПМНЕ.
Се нгласува дека СДСМ смислено во подолг период се обидува да ја згази и уништи Република Македонија и ги гази и уништува законите и институциите на државата.
- СДС свесно се обидува да протурка политика која нема добиено поддршка од граѓаните на Република Македонија на избори. Сега целиот народ го виде предавничкото и антидржавно однесување на СДС само за да се обиде да си го постави Талат Џафери за претседател на Собранието на Република Македонија и да отвори пат за реализирање на тиранската платформа и разнебитување на Република Македонија, се потенцира во соопштениетоод ВМРО-ДПМНЕ.
Ново на Сител
-
Врховен го укина притворот на таткото на Вања, определи куќен притвор и мерка на претпазливост
-
Грчки медиуми: Голема победа на опозициската ВМРО-ДПМНЕ
-
Во Тетово прегазен малолетен пешак
-
Утре и во сабота дожд, потоа стабилизирање на времето
-
СЗО за консумирање алкохол и електронски цигари кај адолесцентите: Состојбата е алармантна
-
Белгиски медиуми: Македонија оди во втор круг гласање од кој и зависи европската иднина
-
Ангелов: Граѓаните ја отпишаа СДСМ, сите заедно да ги отпишеме и ДУИ
-
Тројца уапсени во врска со истрагата за поткуп против рускиот заменик министер за одбрана