Македонија
14. April 2017 - 11:43

ВМРО-ДПМНЕ: Народот кажа не за Тиранската платформа, избори се единствено решение

Народот јасно им порача дека не поминува ниту тиранската платформа, ниту негирањето на македонскиот народ, химна и знаме, се она за кое што СДС упорно молчи, а под маса го договара, се наведува во пишаната реакција на ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ.

- СДС и аболицираниот криминалец Зоран Заев се обидуваат со прифаќање на странски платформи и негаторски изјави по секоја цена да избегаат од соочување со правдата за криминалите кои ги направиле. Но бегање од судските процеси за нивните криминали нема, исто како што нема бегање ниту од судот на народот. Тој суд на народот, СДС ќе го види на избори кои се единственото решение од ситуацијата во која СДС ја втурна Македонија со прифаќањето на тиранската платформа. Затоа народот е на нозе! Затоа Македонија се буди, се наведува во соопштението.