Македонија
7. November 2016 - 17:05

ВМРО-ДПМНЕ најавува понуда на проекти - посебно за здравството

Освен целосна реконструкција , ГОБ  ”8 септември “, Клиничката болница во Битола, Инфективна, Онкологија и болниците во Демир Хисар и Кичево ќе добијат нова современа опрема. Пред неколку дена претседателот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски како дел од проектите на партијата најави набавка на на 3700  апарати за над 100 здравствени установи во државата.

- Најголемата болница во пелагоноскиот регион ќе добие опрема за лапароскопска урологија, инструменти за гинеколошки интервенции, дигитален рендген  и многу други иструменти неопходни за прецизна дијагностика.

- За Инфективната клиника ќе биде набавен современ апарат за брза детекција на вируси и бактерии како и подвижен рендген  за што пациентите беа пракани на радиологија, планирана е   апаратура и за одделот за интензивна нега.

- Со нова опрема ќе се модернизира и Психијатриската болница во Демир Хисар.

- Покрај реконструкцијата болницата во Кичево ке добие современа опрема за операциона сала, апарат за колоноскопија и дигитален рендген.

Бункер за акцелератор е најавен за ГОБ 8 септември, а нова опрема че добие и Клиниката за онкологија.