Македонија
15. July 2017 - 18:11

ВМРО- ДПМНЕ најавува поддршка за интеграциите, СДСМ обвинува за неконструктивност

ВМРО-ДПМНЕ нема да биде пречка на патот на Македонија кон НАТО у Европската Унија. Од опозициската партија преку писмено соопштение велат дека нема да штедат на конструктивност кога станува збор за стратешките приоритети на земјата
 
ВМРО-ДПМНЕ ги поздравува средбите и телефонските разговори кои ги оствари Зоран Заев со лидерите на поважните земји од меѓународната заедница од кои доби поддршка за реформите. Со тоа дефинитивно е отстранета секаква дилема дека ВМРО ДПМНЕ е пречка за членство на Македонија во ЕУ и НАТО. Сега се е во рацете на Зоран Заев кој има чист простор и огромна поддршка. ВМРО-ДПМНЕ како партија чија стратешка цел се влез во ЕУ и НАТО, во Парламентот веднаш ќе гласа за членството на нашата земја – стои во писменото соопштение на ВМРО-ДПМНЕ испратено утрово.
 
Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека владата на Заев треба да ги исполни ветувањата и да ја внесе Македонија во НАТО и Европската унија
 
-Ветувањето дека Зоран Заев ќе ја внесе Република Македонија во ЕУ и НАТО, дека за рок од 6 месеци ќе ја добиеме поканата и ќе добиеме датум за преговори, се стратешка цел и на ВМРО-ДПМНЕ, велат од опозициската партија.
 
Од таму потсетуваат и на ветувањето на СДСМ дека ќе го заштити македонскиот идентитет и уште еднаш порачуваат дека она што Заев го договарал во Софија, а Димитров во Атина, не треба да се крие од граѓаните.
 
Наместо одговор за тоа што се крие зад договорот со Бугарија, шефот на македонската дипломатија на социјалните мрежи го обвини ВМРО-ДПМНЕ за неконструктивност. Според Димитров, формирањето на 10 пратенички групи било како што напиша карикатурална манифестација на бранењето на неказнивоста од правдата.