ВМРО-ДПМНЕ: На Заев му следува затвор ако одговара за делата за кои е обвинет
ВМРО-ДПМНЕ денеска оцени дека на лидерот на СДСМ Зоран Заев му следува казна затвор од девет години доколку биде прогласен за виновен по двете дела за кои е обвинет, односно за примање поткуп и за насилство кон претставници на највисоките државни органи.
- Казна затвор од 5 години му следи на секој што прима поткуп. Ова го вели кривичниот закон на Република Македонија во членот 357. Казна затвор во времетраење од 4 години му следи на секој што ќе стори насилство кон претставници на највисоките државни органи. И ова дело е опфатено со кривичниот закон, членот 311, рече Драган Даев од ВМРО-ДПМНЕ.
Според ВМРО-ДПМНЕ, лидерот на СДСМ е подготвен на секакви отстапки само да ја сочува својата слобода и да не одговара за двете дела за кои е обвинет.
- Затоа пред Заев се две можности или да се обиде по секоја цена, ветувајќи се и сешто да ја заобиколи волјата на народот и да дојде на власт или да се помири со фактот дека наредните години ќе ги помине во казнено-поправниот дом Идризово, истакна Данев.
Ново на Сител
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација
-
Претседателски избори 2024: Утре први гласаат членовите на ИО кои ќе ги спроведат изборите во дијаспората
-
Нови 46 случаи на голема кашлица од 12 до 18 април, хоспитализирани девет лица
-
ЕУ повикува сите актери на Блискиот Исток да работат на деескалација на тензиите