Македонија
20. September 2017 - 17:20

ВМРО-ДПМНЕ: Мерките на Владата за загадениот воздух, чист популизам пред избори

Прес-конференцијата на заменик министерот за животна средина, Јани Макрадули преставува чист популизам во пресрет на изборите. Тој практично вети дека ќе го исчисти владата загадениот воздух со протоколарни заложби и рестриктивни мерки кои одат на штета на граѓаните.

Посебниот сообраќаен режим или воведувањето на мерката пар непар за возење на автомобили нема да го реши проблемот со загадениот воздух, туку само ќе ја зголеми нервозата на граѓаните и ќе ја потикне нефункционалноста за што ќе трпи и бизнисот како и граѓаните.

Загадениот воздух нема да се исчисти со мерката на владата која ја презентираше Макрадули за зголемување на административните капацитети за проверка на оџаците на домаќинствата. Како министерство тоа може да го прават и сега, но откако тoa ќе го констатираат треба да понудат и конретно решение.

Сите мерки кои ги презентираше се давање на иницијативи, а не конкретно делување што покажува дека ништо од ова нема да се оствари и оваа прес конференција е гол и примитивен популизам во однос на претстојните локални избори.

На граѓаните им се потребни прецизни и сеопфатни мерки кои квалитативно ќе го подобрат загадениот воздух и животната средина.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ