Македонија
23. May 2017 - 10:35

ВМРО-ДПМНЕ: Лагите излегуваат на површина

ВМРО-ДПМНЕ во пишано соопштение порачува дека Зоран Заев ќе мора да избере дали ќе остане на гаранцијата дадена пред претседателот Иванов и граѓаните и ќе ја отфрли двојазичноста на банкнотите, униформите и носењето на резолуција за геноцид врз Албанците или ќе си го погази зборот и ќе тргне во реализација на ветувањата дадени пред лидерите на албанските партии.

- Заев од една страна го лаже народот дека ќе застане во заштита на националните интереси, а од друга страна не се откажува од реализирањето на тиранската платформа. При вчерашната прес-конференција неговиот коалициски партнер Зијадин Села изјави дека ниту потпишал, ниту има намера да потпише или почитува гаранција побарана од претседателот Иванов. За Села откажувањето од тиранската платформа би било како да се откаже од иднината на своите деца, се вели во соопштението од СДСМ.

ВМРО-ДПМНЕ и народот, се додава во соопштението, знае колку тежи зборот на Зоран Заев.

- Многу пати Заев едно зборувал, а друго правел. Многу пати Заев едно ќе кажел преку ден, а веќе друго кажува следниот ден, велат од ВМРО-ДПМНЕ.