Македонија
27. April 2017 - 19:16

ВМРО-ДПМНЕ ја пееше македонската химна во Собранието, коалиционите партнери на СДСМ- ДУИ, Села и Беса седеа

Додека ВМРО-ДПМНЕ ја пееше македонската химна во Собранието, коалиционите партнери на СДСМ- ДУИ, Села и Беса седеа.

Во тој момент, Крсто Мукоски од ВМРО-ДПМНЕ од говорницата почна да ја пее химната на Македонија, но коалиционите партнери на СДСМ кои и претходно во неколку наврати изјавија дека не ја почитуваат химната и сакаат да ја сменат, а впрочем тоа е и дел од Тиранската платформа, само седеа на столчињата и посматраа.

Зијадин Села е веќе добро познат во јавноста по своите антимакедонски изјави.

-Затоа што потребите на албанците не се еден премиер кој ќе дава заклетва пред знаме и химна кои ние сакаме да ги смениме, е една од срамните изјави на Села.