Македонија
23. February 2017 - 16:46

ВМРО-ДПМНЕ: Изборните криминали на Заев се да се дограби до власт и редефинирање на државата

Целта на сите лаги, манипулации и изборни криминали на Зоран Заев е да се дограби до власт и да ја редефинира Македонија, изјави денеска на прес-конференција Зоран Илиоски од ВМРО-ДПМНЕ. 

ВМРО-ДПМНЕ, потенцира Илиоски, најодлучно ќе застане во одбрана на државните и национални интереси. - Обезбедувањето да се почитува волјата на мнозинството македонски граѓани за нас е обврска и нема ние од тоа да отстапиме, рече Илиоски.

Според него, „СДСМ е дувло и синоним за криминалот, а аболицираниот криминалец Зоран Заев и злосторничкото здружение во раководството на неговата партија го претворија СДСМ во промотор и заштитник на се што е незаконско и криминално“.

- Сега се гледа зошто СДСМ ги практикувало криминалните шеми и во изборни циклуси, зошто во Куманово и во Струмица, СДСМ на криминален начин купуваше гласови и ги фалсификуваше изборите. Слични ситуации полицијата регистрираше и во источна Македонија.
Сега се гледа дека не постојат фантомски гласачи во Македонија и зошто аболицираниот Зоран Заев ја пласираше и оваа манипулација.
Целта на сите лаги, манипулации и изборни криминали на Зоран Заев е да се дограби до власт и да ја редефинира Македонија, истакна Илиоски.

Тоа, како што потенцира, не смее и нема да се дозволи, а органите на прогонот не смее да подлегнуваат на притисоците на Заев, кој  мора да одговара за криминалот што го направил.

- Местото на криминалците не им е во политиката, туку во казнено-поправниот дом Идризово. Затоа речиси половина милион Македонци го осудија на пораз СДСМ и неговите криминални и деструктивни сценарија. СДСМ ја нема поддршката од народот и покрај валканите и криминални обиди да купува гласови, рече Илиоски.