Македонија
1. September 2015 - 21:39

ВМРО-ДПМНЕ: ИРИ нема нова анкета

Опозициски портали и медиуми денеска дрско излажаа дека ИРИ има нова анкета и дека разликата помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ е само 3%, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

- ИРИ демантираше дека не постои нова анкета, што потврди дека Плусинфо, Либертас и А1он дрско лажат. Ниту едното, ниту другото е точно од тоа што го објавија порталите на СДСМ. Вакви информации пласираат и ќе пласираат во иднина, се со цел да ја прикријат очигледната демотивација кај членството на СДСМ, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.