Македонија
15. October 2016 - 16:15

ВМРО-ДПМНЕ има двојна предност пред СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ и понатаму со убедливо водство пред СДСМ покажува најновата телефонска анкета на Институтот Димитрија Чуповски.

На прашањето : На наредните предвремените парламентарни избори за која политичка партија би гласале, ВМРО- ДПМНЕ води со 27.6 % од испитаниците и тоа убедливо пред СДСМ со 16.1 % за понатаму да следат ДУИ со 6.3 и ДПА со 2.9

И кај политичарите лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски со 30.1 % убедливо е пред лидерот на СДСМ, Зоран Заев кој има 8.9 % додека лидерите на албанските политички партии Али Ахмети и Мендух Тачи имаат по 5.9 односно 2.6 %

Граѓаните на прашањето која политичка партија ќе победи на следните избори огромна поддршка даваат на ВМРО- ДПМНЕ и тоа со дури 40.5 % додека за СДСМ дека ќе победи се изјасниле само 14.8 %.

Убедлива е предноста и кај прашањето која политичка партија има подобра програма. И таму ВМРО-ДПМНЕ е пред СДСМ и тоа со 53,2 односно 23.6 %

За граѓаните најголеми проблеми се : Развој на економијата, инвестициите и вработувањето со дури 65.4 %. Потоа следуваат Унапредување на слобода и демократија. 6.1% , Зајакнување на безбеднста 6.7% , Незачленувањето во НАТО и ЕУ 8.7% , Спорот со името 3.9 % и за Друго се изјасниле 9.2 %

Дека ќе ги решаат нивните проблеми, 59.2% од граѓаните веруваат дека тоа е ВМРО-ДПМНЕ, додека 20.1 % довербва му даваат на СДСМ.

Телефонската Анкетата на Институтот Димитрија Чуповски е спроведена во периодот меѓу 07 и 10 октомври на 1237 испитаници. Анкетата е на ниво на целата територија на Република Македонија, каде се опфатени сите изборни единици, но и други релевантни демографски карактеристики на населението како пол, возраст, и етничка припадност. Дополнителна поделба беше направена и според руралните и урбани места на живеење. Овие резултати од анкетата подлежат на статистичка грешка од +/- 2проценти.