Македонија
25. November 2017 - 12:12

ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните се соочуваат со еколошка бомба, а институциите молчат

Граѓаните на Република Македонија секојдневно се соочуваат со еколошка бомба, а институциите молчат. Мерните станици секој ден покажуваат опасно висока загаденост на воздухот со ПМ10 честички.

Последиците од загадениот воздух се повеќе ги чувствуваат граѓаните и ги плаќаат со своето здравје. Секој ден болниците низ државата се полнат со луѓе кои имаат респираторни заболувања.

Граѓаните се оставени сами на себе. Владата на СДС која е 6 месеци на власт не презема конкретни мерки за подобрување на квалитетот на воздухот. Владата нема план.

Владата на СДС дури ги укина и корисните мерки кои ги имаше воведено претходната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

По стапката на владата на СДС тргнаа и нивните градоначалници кои по локалните избори стартуваа со контра мерки.

Додека мерните станици на министерство за животна средина и просторно планирање алармираат секој ден дека има превисоки концентрации на ПМ10 честичките, и граѓаните се гушат, владата на СДС се грижи за нивните луксузирања и полнење на институциите со партиски војници.

Владата на СДС и нивните градоначалници ќе сносат одговорност затоа тоа што не превземаат ништо околу намалување на загаденоста на воздухот поради која секој ден се губат човечки животи.