ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните оправдано се плашат за реализацијата на тиранската платформа
ВМРО-ДПМНЕ денеска во соопштение наведува дека граѓаните оправдано се плашат дека претседателот на СДСМ Зоран Заев „е подготвен да ја реализира тиранската платформа, во надеж дека од позиција на власт ќе се спаси од кривичен прогон за кривични дела кои ги извршил“.
Според ВМРО-ДПМНЕ, секој ден коалициските партнери на СДСМ излегувале со изјави дека не се откажуваат од тиранската платформа, но ниту Заев ниту партијата ги демантираат таквите изјави.
- Зар вака криминогениот СДС ќе ги брани националните и државните интереси на Република Македонија?, прашува ВМРО-ДПМНЕ од каде бараат одговор и за тоа „кој ги манипулира гласачите и народот, Алијансата за Албанците или СДСМ.“
- Дали лаже Таравари кога вели дека побарале двојазичноста да се реализира експресно и Заев се согласил со тоа или лажеше Заев кога ја потпиша гаранцијата со која ја отфрли тиранската платформа, прашува ВМРО-ДПМНЕ.
Соопштува дека и понатаму ќе остане во функција на граѓаните, штитејќи ги нивните интереси и истакнува дека „СДСМ треба да знаат дека за поткопувањето на унитарноста на државата се одговара пред законот, но и пред граѓаните на Република Македонија на избори, од кои упорно бегаат“.
Ново на Сител
-
Вештачењето откри - Избришани повици и пораки од телефонот на мајката на исчезнатата Данка
-
Игор Јуриќ: Да бидеме подготвени на најлошото, но да не се предаваме - верувам во чудо
-
Почина уште едно повредено лице во терористички напад во Москва
-
ВМРО-ДПМНЕ ја официјализираше својата коалиција
-
Мицкоски очекува ТВ дуел со Ковачевски
-
МТСП: Понеделник неработен за граѓаните од католичка вероисповед
-
Се уште нема трага од двегодишната Данка, потрагата продолжува
-
Индустриското производство во февруари зголемено за 0,3 отсто