Македонија
23. April 2017 - 9:59

ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните не сакаат туѓи платформи

ВМРО-ДПМНЕ во денешното соопштение наведува дека народот на 11 декември не гласал за бинационална држава, за двојазичност и менување на знаме и химна и затоа се спротиставува на тиранската платформа. 

- Граѓаните јасно кажуваат дека не сакаат туѓи платформи од странски држави. Граѓаните не ја сакаат тиранската платформа, која СДС сака да ја протурка и да формира влада по секоја цена. Криминалците од СДС не можат да го излажат народот се со цел да се спасат од затвор. Народот ги прочита и им порачува секој ден на улиците дека ќе одговараат пред правдата, Не може со некоја неуставна платформа да се спасат, наведува ВМРО-ДПМНЕ.

Партијата посочува дека народот бара предвремени парламентарни избори за да ја отфрли, како што се вели, неуставната платформа и да го казни СДС.