Македонија
14. November 2015 - 14:12

ВМРО-ДПМНЕ го осудува терористички напад во Париз

ВМРО-ДПМНЕ го осудува монструозниот терористички напад што вчера се случи во Франција, во кој жртви беа стотици невини луѓе.

- Ова преставува удар не само за Франција и францускиот народ, туку и удар кон демократските вредности и слободата. Нашите мисли се со францускиот народ затоа што Македонија најдобро ја разбира ваквата болка, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија, како што се наведува, сочувстувава со жртвите од терористичкиот напад во Париз затоа што и самите сме положиле голем број жртви во справувањето со тероризмот.