Македонија
23. јуни 2017 - 17:40

ВМРО-ДПМНЕ го бара договорот со Бугарија, обвинуваат за нетранспарентност

Од ВМРО ДПМНЕ веќе трет ден бараат увид во она што премеиот Заев во го договорил во Софија. Според партијата, договорот добрососедство со Бугарија е од клучно значење за македонскиот индентитет и за него не смее да се одлучува се зад затворени врати.

Шефот на дипломатија Никола Димитров вели дека договорот за добрососедство ќе се креира врз основа на потпишаната декларација од 1999 во која го има македонскиот јазик, но не откри детали од догворот ниту прецизираше како ќе се најде решение за проблемот на македонското малцинство во Бугарија и бугарското во Македонија.

Претходно СДСМ порача дека времето на изолација и конфликти во кои ВМРО-ДПМНЕ ја држеше Македонија заробена цели 11 години. Социјалдемократите се залагаат за соработка и добрососедство што ќе придонесе за еконмскиот развој и перспективата на македонските граѓани се вели во соопштението на партијата.