ВМРО-ДПМНЕ: Економската политика на СДСМ ја води државата кон банкрот
Катастрофалната економска политика на СДС ја води државата кон економски крах и банкрот. Се повеќе граѓани ја губат надежта дека Владата на СДС ќе постигне било какви економски резултати. Македонија со оваа бандитско криминална влада ќе го достигне дното. Цехот ќе го платат граѓаните.
Владата на СДС ни малку не е фокусирана на отворање на нови работни места. Не само што не донесе нити една инвестиција туку ги брка потенцијалните инвеститори и компаниите кои досега инвестираа не водејќи грижа дека без работа можат да останат 25.000 граѓани.
Неодговорното работење на СДС со народните пари на Република Македонија за прв пат после подолг период и донесе пад на просечната плата за 0.7% и пад на индустриското производство 2,2%.
СДС успеа да донесе и пад на извозот за јуни и јули и тоа 12% односно 52 милиони евра со што му нанесе голема штета на домашното стопанство.
Граѓаните ги чувствуваат лошите економски политики на СДС и на локалните избори на 15-ти октомври ќе го казнат уништувањето на македонската економија.
СДС ветуваше живот, граѓаните добиваат сиромаштија. Ништо од ветувањата во економијата, ништо ниту од најавените инвестиции.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација