Македонија
16. јуни 2017 - 18:06

ВМРО-ДПМНЕ: Досега немало исклучување струја во студентските домови поради долг

ВМРО-ДПМНЕ во реакција на соопштението од Министерството за образование и наука  за долгови на Државниот студентски центар истакнува дека СДСМ сега ја имаат одговорноста и треба да работат, за, како што наведуваат, да не се случуваат катастрофални состојби како што беше исклучувањето на струјата во студенствиот дом „Гоце Делчев“.

- Колку и да се обидуваат да бараат алиби, фактите говорат дека досега никогаш не се случило студентските домови или која било друга образовна институција да остане без електрична енергија пради долг кон дистрибутерот. Електрична енергија немало само кога се реализирале градежни интервенции во објектите, се вели во реакцијата.

Обврските, тврди ВМРО-ДПМНЕ, се сервисираа, и за неколку години се исплатени 66 милиони денари по основ заостанат долг. - Дополнително во студенстките домови, кои СДС така брзо ги заборави, во време додека ВМРО-ДПМНЕ ја водеше Владата, беа вложени повеќе од 8,3 милиони евра во изградба на целосно нови сместувачки капацитети и во реконструкција на дел од постојните, во набавка на целосно нов мебел за сите државни студентски домови. Беа набавени и инсталирани нови лифтови во сите објекти, а исто така, по прв пат се поставија перални и сушални кои се на располагање бесплатно, се вели во реакцијата.