ВМРО-ДПМНЕ: До 2020-та година ќе ги зголемиме пензиите за 10,25 отсто
Просечната пензија од 7.684 денари во 2006 година порасна на 13.754 денари во декември 2016 година што е зголемување за 79 проценти. Најниската пензија од 4.330 денари во 2006 година порасна на 8.895 денари во декември 2016, што е зголемување за 105,8 отсто, а највисоката пензија од 27.606 денари во 2006 година порасна на 37.882 денари во декември 2016, што е зголемување за 37,3 проценти, истакна денеска на прес-конференција Невенка Стаменковска од ВМРО-ДПМНЕ.
Потсети дека со програмата Реално, со следниот мандат до 2020-та година, ќе ги зголемат пензиите на 10,25 отсто.
Стаменковска ги истакна и проектите бањско-климатска рекреација кој досега го искористиле над 36.700 корисници на пензија и бесплатениот туристички викенд кој се реализира во одмаралишта и хотелски комплекси, а го искористиле 3.000 корисници.
Таа најави дека во периодот што претстои ќе направат напори да се зајакне социјалниот и материјалниот статус, како и стандардот и достоинството на пензионерите.
Ново на Сител
-
Медиуми: УЕФА ќе дозволи 26 фудбалери на ЕУРО2024
-
Тајланд сака да биде домаќин на трка во Формула 1
-
Маж во САД ги убил сопругата и трите деца по што се самоубил
-
Наставниците во Тенеси ќе можат да носат пиштоли на училиште
-
Може да гласаат и граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година
-
Упатство за гласање на претседателските избори
-
Отворени избирачките места, право на глас имаат 1.814.317 граѓани
-
Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за пријавување повреда на избирачко право