Македонија
23. April 2017 - 17:19

ВМРО-ДПМНЕ: Да не се плашеше СДСМ, локалните избори ќе имаше во првата половина на мај

Да не се плашеше СДСМ од сопствениот народ, локални избори заедно со нови предвремени парламентарни избори ќе имаше во првата половина на мај, реагира ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција на Дејан Павлески од СДСМ. 

Во писмената реакција се наведува дека доколку на СДСМ не му била поважна тиранската платформа, тогаш граѓаните би гласале на избори на 7 или 14 мај. 

- Затоа Заев упорно одбива било какво решение кое води кон излез од кризата, се обидува да ја блокира државата и бега од избори. ВМРО-ДПМНЕ го повикува СДСМ да собере храброст и да излезе на локални избори кои би се одржале на ист трошок, заедно со предвремените парламентарни избори, се наведува во реакцијата.

Според ВМРО-ДПМНЕ, граѓаните мора да добијат шанса да се произнесат околу намерите да се воведе двојазичност на цела територија, двојазични банкноти, да се промени грбот, знамето, химната и името на државата и да спроведе федерализација или кантонизација.