Бизнис
21. September 2017 - 19:44

ВМРО ДПМНЕ: Бизнис интересите на Kочо Aнѓушев стојат зад блокадата на Фени, Анѓушев: Никој нема да остане без работа

Фирмата која го снабдува „Фени“; со  електрична енергија ЕДС, а која е во сопственост на вицепρемиеρот Кочо Анѓушев, веќе ја блокираше сметката на „Фени“. Судбината на околу 1.000 работници, но и на комбинатот е во рацете на Анѓушев. Извршители веќе го попишуваат имотот на „Фени" кој треба да биде запленет. Само дел од вработените одат на работа. Ова ли е животот кој го ветуваа Заев и СДС пред изборите? За овие 100 дена граѓаните видоа во чиj интерес работи владата, во чии џебови завршија тендерите, и кој ги превзема фабриките за багателни пари, изјави Светлана Јакомовска од ВМРО-ДПМНЕ.

Комбинатот „Фени“ има финансиски тешкотии, но се изнесуваат лаги за состојбата во оваа компанија, изјави денеска вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев по обвинувањата од опозицијата дека негова фирма за снабдување со електрична енергија ја блокирала сметката на „Фени“ бидејќи не го платиле долгот кон нив.  

„Тоа не само што не е точно, туку е една дрска лага и конструкција на некои опозициски медиуми“, рече Анѓушев.

Тој кажа дека комбинатот Фени бил блокиран од „Силк роуд“ банката, и од другите банки, поради неисполнување на финансиските обврски спрема нив, а следната блокада била од добавувачот на руда од Албанија.

„Владата е посветена на решавањето на проблемот. Интензивно се разговара и со сопственичката структура на Фени и со менаџерскиот тим на компанијата за да се најде решение како овој проблем да се реши.  Вчера се исплати платата за работниците. Работниците одат на работа, ниту еден нема да биде испуштен од работа“, изјави тој.

Анѓушев додаде дека фабриката не престанала со работа, иако го намалила својот капацитет на работа за одреден период, но Владата посветено работи на тоа да се најде решение како да му се помогне на комбинатот да продолжи да работи.

„Но, мора да се каже дека слободниот пазар и приватните капацитети наложуваат дека сопствениците и менаџментот се тие кои први треба да дадат решение, зашто државата може да помогне, но не да се меша во приватните капацитети.Таа има моќ преку одредени мерки д апомогне краткорочно, а долгорочно треба менаџерскиот тим и сопственичката структура да понудат решение. Владата ќе направи се Фени да продолжи да работи“, рече Анѓушев.