ВМРО-ДПМНЕ бара одговорност од Таравари
ВМРО-ДПМНЕ бара директна одговорност за двајцата починати и ширење на смртоносна болест во гостиварско од министерот за здравство, Арбен Таравари.
Во партиското соопштение се наведува дека причина за немањето дијагноза за причинител од која починаа две лица, а шест се во животна опасност е тоа што нема реагенс во Институтот за јавно здравје, а пак причината за можност за големи ризици и нови загрозувања е фактот дека не воспоставиле карантин, а биле должни да воспостават.
- Во овој момент најмалку што може да направи министерот Таравари е да си поднесе оставка, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од ВМРО-ДПМНЕ наведуваат дека неспособноста на Владата на СДС и премиерот Зоран Заев започна да одзема и човечки животи. - За само неколку дена поради негрижата на министерот за здравство Таравари однесе два човечки животи на возраст од 47 и 23 години. Оваа трагедија Владата на Заев се обиде да ја заташка, македонската јавноста да не дознае, стои во соопштението.
Граѓаните, како што се наведува, имаат право да знаат дека се шири смртоносна болест низ државата и да знаат дека во животна опасност се уште шест лица кои се во моментов на инфективната клиника.
ВМРО-ДПМНЕ посочува дека граѓаните ја виделе неспособноста и неодговорноста на Таравари, кој според нив, наместо да прави пи-ар стратегии и да праќа честитки од луксузните хотели во Америка треба да се фати за работа, и да го спречи ширењето на оваа заразна болест во Гостивар и гостиварско.
Ново на Сител
-
Нето надворешниот долг на крајот на 2023 година изнесувал 4.458 милиони евра
-
Тетовци се жалат дека не можат да излезат од дома поради глутниците
-
Три млади лица загинаа во тешка сообраќајка во Кичево
-
Велигденска честитка на Н.В.П. д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и Струмичко – скопски епарх
-
Изненадување во Мајами: Алкараз елиминиран од Димитров
-
Ѓоковиќ се уште не избрал нов тренер
-
Експлозија во најголемата романска нафтена рафинерија Петромидија, нема повредени
-
Лавров: Украинскиот план вклучува повлекување на нашата војска од освоените територии