Македонија
17. February 2018 - 14:19

ВМРО-ДПМНЕ: Автобуската станица нема да го заживее ГТЦ

Наместо нови асфатлирани улици, нови паркови и зелени површини, наместо нови водоводи и канализации градоначалникот Петре Шилегов срамно се фали со тоа што пуштил во употреба простор кој ќе биде автобуска станица во ГТЦ.

Во недостаток на вистински проекти Шилегов се посрамоти. Забеганоста оди дотаму што за врвно достигнување во неговата работа се смета просторот наменет за автобуската станица, и згора на тоа организирал и музика. Целиот овој настан спаѓа во рубриката верувале или не.

Ќе му порачаме на градоначалникот Шилегов да ги засука ракавите и да започне со вистинска работа и проекти. Сигурно нема да го врати животот на ГТЦ како што тој вели со нова автобуска станица. По искривената логика на Шилегов, причината поради која ќе заживее ГТЦ е редењето на автобуска станица во ГТЦ, и обезбедувањето на тој начин поголема бројност со луѓе, тогаш по истата таа негова логика и преселувањето на скопското зелено пазарче во ГТЦ би донело уште поголема бројка на луѓе. Но реалноста е дека за заживување на ГТЦ не е потребна автобуска станица, ниту ново пазарче, туку темелна реконструкција.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ