Македонија
13. September 2017 - 14:21

ВМРО-ДМПНЕ ја окупираше говорницата на Џафери за Законот за јазиците

Координаторот на една од десетте пратенички групи на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски побара пауза, но претседателот на собранието Талат Џафери го одби неговото барање, по што десетина опозициски пратеници излегоа и ја блокираа говорницата за време на расправата за предлог-законот за употреба на јазиците.

„Го кршите Деловникот, го кршите Уставот и го кршите Охридскиот рамковен договор“, го обвини Димовски Џафери.

„Под овие услови не ви давам пауза, седнете си на местата“, му одговори Џафери.

Откако успеа да ги убеди пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да се вратат на своите места, Џафери кажа дека под закана на сила и под уцена, Собранието нема да носи одлуки.
„Иако е дискутабилно, бидејќи не побаравте пауза за време на трите минути процедурално, давам еден час пауза“, му кажа Џафери на Димовски.

Седницата треба да продолжи во 14.40 часот.