Македонија
21. February 2017 - 13:40

Влегол низ прозорец и украл пари и оружје

Непознат сторител извршил тешка кражба во куќа во сопственост на Н.И. (41), во село Морани, скопско, синоќа во периодото од 19.30 до 22 часот. 

Сторителот со употреба на погоден алат и физичка сила го отворил прозорецот од дневната соба, влегол внатре, направил претурање и од плакар во дневната соба, одзел еден пиштол марка „ЦЗ 99“, плик во кој имало 5.100 евра, паричник во кој имал 22 илјади денари, и лични документи.

Тој потоа заминал во непознат правец. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.