Балкан
17. March 2018 - 10:13

Властите воведоа нова мерка - 1000 евра за секој кој ќе се врати од странство

Властите во Хрватска воведоа нова мерка. Секој кој ќе се врати од странство во родното место ќе добие 1.000 евра надоместок. 

Со оваа мерка во општина Градец,Хрватска им пркосат на Германија и Ирска, земји во кои се иселиле многу Хрвати.

Градоначалникот на овој град вели дека целта е сите млади кои си заминале од државата да се вратат назад.

Еднократна помош ќе следува за оние кои ќе се вратат во Градац, ќе склучат договор со општината, ќе добијат дел од парите, а по една година престој ќе ја добијат и втората половина од парите. Сепак, тука нема да бидат опфатени луѓето кои се на сезонска работа во БиХ или Словенија на пример.