Свет
2. November 2016 - 12:56

Властите во Москва ја затворија канцеларијата на Амнести интернешанл

Градските власти во Москва во текот на минатата ноќ ја затворија канцеларијата на невладината организација за заштита на човековите права Амнести интернешанл (АИ).

Директорот на руската канцеларија на АИ, Сергеј Никитин изјави дека вработените, кога пристигнале утрово на работа, начекале заменета брава и залепена етикета со логото на градските власти.

Според него, организацијата ги користела овие простории под наем 20 години.

Организациите за заштита на човековите права во Русија во претходните години се жалеа на притисоци, вклучувајќи закани кон нивните членови и контроверзни закони со кои се уредува работата на невладините организации.