Свет
15. February 2017 - 17:54

Властите во ДР Конго тврдат дека нема доволно пари за одржување избори

Државата ДР Конго нема доволно средства за организирање избори во оваа година, изјави денеска министерот за финансии Пјер Кангудиа додека опозицијата нагласува дека се работи за политички маневар за да се задржи на власт претседателот Џозеф Кабила.

Кангудиа рече дека е „многу тешко“ да се обезбедат 1,8 милијарди долари потребни за организирање на изборите пред се поради намалени цени на експортни материјали.

Изборите требаше да осе одржат во ноември лани, но беа одложени за април поради логистички проблеми. Потегот овозможи Кабила да остане на власт што предизвика демонстрации во државата во кои имаше голем број жртви. Владата и опозицијата потоа се договорија за одржување избори во оваа година.

– Недостиг од пари е лажен проблем бидејќи владата нема доволно опции за откажување на изборите, смета Кајро Цонго Грегоир од опозицијата во изјава за ДПА. Опозицијата нагласи дека нема да прифати никакво објаснување за откажување на изборите.