Свет
24. February 2017 - 8:47

Властите на Филипини уапсија главен критичар на претседателот на државата

Филипинската опозициска сенаторка Лејла де Лима која е главен критичар на војната на филипинскиот претседател Родриго Дутерте против шверцерите со дрога, беше уапсена под обвиненија поврзани со наркотици.

Суд во Филипини побара апсење на Де Лима и други лица обвинети за земање поткуп од приведени наркодилери.

Сенаторката негира обвиненија. Лани таа беше шеф на сенатска група за истрага на убиства без суд и пресуда извршени во „војната“ на Дутерте против наркодилерите.

Оваа недела таа го нарече Дутерте „сериски убиец и психопат“ и побара неговата влада да го прогласи за неспособен да управува со државата бидејќи има „криминален ум“.