Балкан
25. May 2017 - 11:21

Властите молчат: Има ли албанска паравоена војска на Румија?

Надлежните црногорски безбедносни и судските органи се уште не огласиле околу наводните информации дека албанското знаме било развиорено во паравоен камп на планината Румија над Бар, пишува подгоричкиот портал In4S.

“Во јавноста се поставуваат прашања за намерата на поставувањето на паравоениот камп на Румија, каде беа и претставници на полицијата и на Агенцијата за национална безбедност и, како и зошто тие не реагираат по повод виорењето на албанско знаме на планината”, наведува порталот