Loading Video...
Спорт плус
28. January 2018 - 16:02

Влахова победничка на слаломот во Линзерхајде

 
 Петра Влахова од Словачка е победничка на денешната трка од Светскиот куп во алпско скијање што се одржа во Линзерхајде, Швајцарија. 
 
До својата втора победа сезонава Влахова стигна со вкупно време по двете трки од 1 минита 50,53.секунди
 
Втора со 10.стотинки заостанување заврши Швеѓанката Фрида Хансдотер,  додека трето пласираната Венди Холденер од Швајцарија имаше 53 стотинки послабо време. 
 
Водечката во севкупниот поредокот во Светскиот куп, Михаел Шифрин остана без пласман откако на десетина капии пред крајот направи голема грешка. 
 
Сепак Американката, е далеку пред сите со 1.513 бодови, што е за 751 повеќе од второ рангираната Холденер, односно 799 од трето пласираната Германка, Ребенсбург.