Македонија
25. February 2018 - 13:55

Владо Јовановски: Иднината не е сѐ она што ќе дојде

По пауза од три месеци во јавноста се врати актерот Владо Јовановски кој беше обвинет за тероризам поврзан со настаните на 27 април.
 
Тој на фејсбук објави стихови на легендарниот српски поет Бранко Милковиќ.
 
“…Иднината не е сѐ она што ќе дојде!
Многу нешто, едноставно ќе се повтори!
Минатото, не е сѐ она што нема да се поврати и еден дел од иднината останува затаен…”, напиша актерот на својот профил вечерва, откако мина над 60 дена во притвор.