Џет-Сет
20. April 2017 - 21:51

Владо Георгиев пресреќен,ова се првите зборови на неговата ќерка

Откако стана татко, на познатиот пејач Владо Георгиев, главна преокупација му е ќеркичката Софија и често на социјалните мрежи ги споделува своите најнови импресии врзани за ќерката.

Овој пат Георгиев беше малку затечен, а повеќе и воодушевен кога сфатил кој е нејзиниот прв збор.

-Софија го изговори првиот збор: „Тато“, напиша тој во својот пост и стави вљубено смајли.

Изгледа дека Владо ужива татковството повеќе отколку што мислел, а Софија нон стоп го добива од него сето внимание.