Бизнис
28. August 2015 - 16:59

Владината поддршка за нова земјоделска механизација е огромна поддршка за земјоделците

Новите трактори и механизација што земјоделците ги купија со помош на државата го зголемија нивното производство и приходи од дејноста. Државата покрива 50 отсто од трошоците за набавка, што претставува огромно олеснување за нив. Велат дека освен средствата што ќе ги заштедат со владината поддршка, со новата механизација многу полесно можат да работат.

Изминатиот период по принципот 50-50 се набавени 7800 парчиња земјоделска механизација од кои 1570 трактори и 6230 парчиња приклучна механизација. Со ова земјоделското производство се повеќе се осовременува и приближува до современите земјоделски стопанства. Од друга страна како што велат земјоделците ги мотивира младите да се занимаваат со земјоделие.За тоа значително придонесоа и неповратните средства во износ од 600 000 денари што државата им ги доделува на младите земјоделци.

Регистрираните земјоделци до 1ви септември ќе можат да аплицираат за набавка на опремата. Право да поднесат барање имаат оние земјоделци кои располагаат со минимум 1,5 хектари површина засадена со житни или индустриски култури, или минимум 5 декари тутун. Дополнително на располагање на земјоделците се и парите од ИПАРД програмата со кои имаат можност да набават нова и современа механизација.